Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Милосављев дебитира на СП, голманот на Вардар е во составот за денешниот дуел против Бразил
Милосављев дебитира на СП, голманот на Вардар е во составот за денешниот дуел против Бразил

Милосављев дебитира на СП, голманот на Вардар е во составот за денешниот дуел против Бразил

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев денес ќе дебитира на Светското ракометно првенство.

Откако беше изоставен од составот на претходните два меча против селекциите на Русија и Франција, за денешниот меч против Бразил, популарниот Банда ќе биде на голот. За мечот против кариоките, селекторот на Србија, Ненад Перуничиќ се реши да направи измена на голманската позиција, на местото на Цупара денес во составот ќе биде Милосављев кој заедно со искусниот Веркиќ ќе го сочинуваат голманскиот тандем на Србија.

После две одиграни кола, Србија има еден освоен бод, откако ремизираше против Русија, додека беше високо поразена од селекцијата на Франција. Денешниот дуел против Бразил стартува oд 15:30 часот.