Видео од шестиот дуел во Анталија каде Вардар одигра меч со украинскиот Премиер лигаш Металург Запорожје . Мечот се играше на теренот на Титаник -Белек во Анталија .
Вардар го отвори резултатот со голот на Ивановски во 6та минута по одличниот прием на гради Ивановски со волеј ја затресе мрежата на Старцев . Црвено-црните погодиа за 2-0 по одличниот центаршут на Ибричиќ топката по мешаницата пред голот дојде до Хамбарѕумјан кој ја проследи до мрежата но главниот судија сигнализираше недозволена ситуација . Следна голема шанса имаше Блажевски од 6-7 метра одкосо но голманот на Украинците Старцев со прекрасна одбрана го запре неговиот удар.
И како и секогаш во фудбалот промашените прилики за гол се казнуват од страна на противникот . Во самиот финиш на полувремето по една долга акција на фудбалерите на Металург упатениот удар од 20сетина метри заврши во телото на нивниот играч го смени правецот и го измами нашиот голман Пачовски . Овој интересен погодок на Довгуљ во 45та минута на мечот беше и последен на средбата .
Во вториот дел Ивановски од 20сетина метри диагонално упати прекрасен удар , но нововлезениот голман Шороменко го одбрани прекрасниот удар на нашиот напаѓач . На спротивната страна нашиот одличен чувар на мрежата зимското засилување на Црвено-Црните Пачовски со инервенција со нога успеа да ја остави резултатската симетрија на семафорот .