Прв пораз на нашите момци во Анталија. Денеска нашиот тим беше поразен од Шведскиот прволигаш екипата на Ѓургарден.
Во насилен состав, вардарци го почнаа овој меч, имаа контрола на играта, а противникот шансата ја чекаше од контранапади. Па така по една контра на гостите екипата на Ѓургарден поведе со 1:0 овој резултат беше и на полувреме.
Во вториот дел Андреев направи неколку замени, Вардар ја имаше топката во своите нозе, напаѓаше, па така по една убава акција резервистот во нашиот тим Миранјан со одличен шут од дистанца успеа да го совлада шведскиот голман за 1:1 во 75 минута.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе го завришиме со 1:1 по еден слободен удар на гостите, топката Павловиќ ја одби, на неа налета противнички играч кој успeа да стрела и да ги постави конечните 1:2 на оваа средба.
Во судиското надополнување Љамчевски одлично изведе слободен удар, но за малку не успеа Петров да ја искористи мешаницата по одбиената топка.
Следува уште една пријателска средба против Жилина.