Вардар славеше и на вториот заостанат натпревар во рамките на ПМФЛ. Во градското дерби на арената “Филип Втори“ минимално ја совладавме екипата на Работнички. Моментот на одлука се случи во 78 минути кога Итало го проигра Барсегјан, а ерменот успешно стрелаше за водство од 1:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат на крајот од натпревар. Покрај голот, црвено-црните пропуштија уште неколку шанси за поубедлив триумф.
Погледнето го видеото со најинтересните моменти и голот,