Актуелниот бранител на трофејот во СЕХА-лигата, вечерва го игра последниот натпревар за годината која полека изминува. Вардарци вечерва гостуваат во Словенија, на екипата на Горење Велење и ќе се обидат со победа да ја завршат годината, која за црвено-црните ќе биде 11 последователна во ова натпреварување. Во рамките на второто коло во С.Ц. Јане Сандански, Вардар го победи вицешампионот на Словенија и тоа убедливо со резултат од 32:19.
Минатата сезона на двата одиграни натпревари против Горење славевме, во истава сала каде вечерва се игра мечот (29:31), додека на домашен терен триумфиравме со резултат (40:32). До пред одигрување на вечерашниот натпревар, најдобар стрелец кај Горење е Нико Медвед со 32 постигнати голови, додека Матјаж Брумен има 31 гол.
Вечершниот противник на Вардар беше дел и од од послабата група Ц на лигата на Шампионите, каде на десет одиграни натпревари забележа шест победи и четири порази и само поради полош меѓусебен дуел ги заврши натпрварите во ЛШ за оваа сезона. Вардар се уште нема пораз оваа сезон во двете натпреварувања и се очекува така да биде и по завршување на дуелот во Горење, кој започнува од 20:45 часот со директен пренос на МРТ-1.