Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки и со преполовен состав, пресилни во “дербито“ против Металург
Вардарки и со преполовен состав, пресилни во “дербито“ против Металург

Вардарки и со преполовен состав, пресилни во “дербито“ против Металург

Женскиот ракометен шампион стигна до својата 14 победа од исто толку одиграни натпревари во женската супер-лига. Попладнево во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, убедливо го добивме дербито со екипата на Металург, со резултат од 44:17. Самиот факт што во првото полувреме примивме само шест голови, говори за нашата игра во одбраната на овој натпревар. Го отворивме натпреварот со предност од 5:0, за екипата од Автокоманда да го постигне првиот гол, по што следеше нова серија на црвено-црните од 4:1, за убедливо водство од 9:2 по десет минути игра на овој дуел. На секој гол на Металург, Вардар постигнуваше по 3-4 во серија и уште по истекот на првите 30 минути беше познат победникот на овој натпревар. Иако насапивме без шест ракометарки кои се на мундијалот во Германија, како и без Пенезиќ и Лазовиќ, тоа не беше проблем за останатите ракометарки кои беа во составот за овој дуел да извојуваат висок триумф. Во вториот дел само растеше предност на во наша корист, за на крајот да стигнеме до нова рутинска победа.

Најефикасни беа крилата Сара Ристовска која постигна 10 голови, како и Кузнецова која додаде 8. Повторна шанса добија Николиќ и Гичевска, кои настапуваат за вториот тим на клубот.

Вардар: Гичевска 4, Саздовска 3, Кузнецова 8, Николиќ 1, Мицевска, Керамичиева 3, Чанаџија 6, Суслина, Хмирова 5, Петровиќ, Ристовска 10.