На терените на фудбалската Академијата на Вардар тренерот на голманите во младинските категории Слободан Мутибариќ направи натпревар помеѓу сите голмани кои тренираат моментално во Вардаровите категории – петлиња., т.н “војна на голманите“. Во истата учествуваа Давид Петковски (2003), Стефан Тасев, Васко Василев, Горазд Гигов, Наум Ангелов и Алмир Колиќ (2004), Леонид Илиевски (2005), Андреј Данстак, Мартин Ивановски, Дамјан Таневски (2006), Лука Јаневски, Јовица Спасовски, Даниел Исајловски, (2007), Лука Грчевски и Александар Милошевски (2008).
Оваа “алатка“ Мутибариќ ја користи со цел напредување на младите надежи и нивна подобра подготоввка. Се натпреваруваа секој со секого поделeни во 3 групи. Кој ќе постигнеше повеќе погодоци тој го добиваше дуелот, а секој шутираше од својата половина со рака и нога. Сите голмани ги истакнаа своите квалитети и голем потенцијал кој го поседуваат. Во продолжение може да погледнее четири наши видеа.
ВОЈНА НА ГОЛМАНИ-ЗАГРЕВАЊЕ!
ВОЈНА НА ГОЛМАНИ-ДУЕЛИ!