Вардар во понеделник ќе го дознае својот противник во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Ждребот ќе се одржи во Нион со почеток во 12-00 часот.
Вардарци како и секоја година, така и оваа, посакуваат малку повеќе среќа во ждребот, односно да се добие што е можно полесен противник на хартија. “Црвено – црните” и сите навивачи на Вардар, посакуваат да се избегнат топ трите екипи, а тоа се: Селтик, Салцбург и Лудогорец. Со сите останати противници Вардар може да се надигрува. Според многумина, поволен ждреб за Вардар би бил противник од рангот на Хафнарфјардур, БАТЕ Борисов, Шериф Тираспол и тн.
Како и секоја година, така и оваа, некаде околу 10 часот Вардар ќе добие пет можни противници, а потоа во 12 часот ќе добие еден од нив.