Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) “Патот до славата“ на новиот Европски шампион

(ВИДЕО) “Патот до славата“ на новиот Европски шампион

“Патот до славата“ вака гласи видеото на “MP“ за патот кој го помина екипата на РК Вардар до освојување на европската титула. Избраниците на Раул Гонзалес одиграа вкупно 18 натпревари во најголемото ракометно натпреварување, забележувајќи 14 победи и четири порази. Се започна од гостувањето во Шведска, каде бевме подобри од екипата на Кристијанштад, па се до последниот оној финален натпревар, против ПСЖ, каде славевме со резултат 24:23.

Долг пат помина Вардар, каде беа совладани големи екипи, од нив и поранешни Европски шампиони, како и екипи со поголем буџет од црвено-црните. Сите пречки ги поминавме, верувавме во себе од стартот дека можеме да стигнеме до врвот, а напорната работа, труд и вербата во себе, на крајот го даде конечниот резултат.

Погледнете го видеото под името “Патот до славата “