Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Звучи неверојатно: Вардар прими шест гола од Академија Пандев
Звучи неверојатно: Вардар прими шест гола од Академија Пандев

Звучи неверојатно: Вардар прими шест гола од Академија Пандев

Тимот на Вардар никако да победи на подготвителните натпревари. По големите неуспеси во Аланија, Вардар доживеа пораз и во нашата земја и тоа на главниот тест пред стартот на пролетниот дел и мега дербито со Шкендија.

Денеска „академците“ во Струмица славеа победа со висок резултат 6:1. Се играа две полувремиња по 60. минути, во првото нашиот тим губеше со 3:1, а во второто со 3:0, за вкупни 6:1. Голот за Вардар го постигна Манев при резултат 2:0.

Ова е големо предупредување за вардарци пред големото дерби идната недела.