Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар немоќен против Силекс
Вардар немоќен против Силекс

Вардар немоќен против Силекс

Вардар го доживеа најголемиот пораз сезонава, откако попледнево на домашен терен беше совладан од кратовски Силекс со резултат 0:4 (0:1).

Вардар исто како и на натпреварот со Борец, отвори лошо, па така по само три минути игра имаше негатива од еден гол. При еден центаршут во третата минута, добро ја испружи ногата Драшковиќ и успеа да го совлада Илиќ. Во првиот дел Вардар имаше една до две закани кон голот на противникот, но и тие беа далеку од некоја посериозна шанса.

Во вториот дел во игра влегоа во 46.минута Блажевски и Цветаноски, но и они не додадоа позитивен впечаток во играта на нашиот тим. На стартот на второто полувреме Силекс ја удвои предноста. По едно додавање од левата страна на Мустафов, Ивановски налета на топката, беше осамен во казнениот простор и ја стресе мрежата со лизгачки старт за 0:2. Противникот тука не застана. Третиот гол пристигна за брзо, стрелец беше Пепи Ѓорѓиев. Кога се чинеше дека со овој резултат ќе заврши дуелот, Ѓуриќ погоди за убедливи и конечни 0:4.

Следува одмор за Вардар, па градски дуел со Работнички в петок.