Титулата, онаа која што ФК Вардар сосема заслужено ја ,,изработи” како првопласиран тим на табелата за сезоната 2019/2020, според информациите до кои дојде ,,ВАРДАР ФАНС”, ќе ја добијат во наредното коло, пред градското дерби со Работнички на Градски.
Титулата ФК Вардар ја чека веќе долго време. Најпрвин беше неизвесно дали ќе има официјален шампион на Македонија. Сепак, информациите велат дека Вардарци титулата ќе ја добијат и ќе ја збогатат својата витрина со уште еден трофеј.
Оваа титула е посебно важна за историјта на клубот, бидејќи многумина ги отпишаа ,,црвено – црните” по само две одиграни рунди.