На денешен ден 2017, пред три години, ФК Вардар се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа. Нашиот, Вардар и во Турција покажа дека е далеку поквалитетен тим од Фенербахче, по победата 2-0 во Скопје и на гости во Турција триумфиравме со 1-2.
Црвено-црните беа и сеуште се прв македонски фудбалски колектив кој обезбедил групна фаза во едно европско натпреварување. На одмор заминавме со почетните 0-0, ние претежно бевме стационирани пред нашиот гол, се заканувавме од контра напади. Во 60 минута, Фенер дојде до предност од 1:0, стрелец на голот беше Нојштадер кој најдобро се снајде во нашиот шеснаесетник по изведен корнер.
Само 8.минути потоа, Вардар дојде до 1:1. Фелипе упати одлична топка до Џигаури кој во контра напад успеа некако да го совлада Камени за огромна предност, во тој момент на домаќинот му беа потребни дури три гола во преостанатите 20сетина минути за пласман понатака.Фенер по голот на Вардар, делуваше изгубено, не створи ниту една добра шанса за гол. Во 91 минута Глигоров го донесе Вардар во водство од 1:2 и стави печат на одличната игра.