Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Стојанов: ОК Вардар може да го мине Камник
Стојанов: ОК Вардар може да го мине Камник

Стојанов: ОК Вардар може да го мине Камник

Стратегот на Вардар, Дејан Стојанов, е оптимистички расположен откако нашиот клуб го доби тимот на Камник од Словенија за противник на стартот од новата европска авантура. Тој верува дека „црвено-црните“ ќе успеат да го минат ривалот од Словенија и ќе се пласираат во втората рунда од Челинџ-купот на ЦЕВ.

„Добивме екипа со која може да се надеваме за второ коло. Во моментов немам конкретно инфо за составот на екипата од Словенија, но знам дека стануа збор за тим што во последните 4 години нема позначајни резултати во нивното домашно првенство. Ги очекувам денес или утре видео анализи за противникот па ќе имаме поконкретни информации за противникот. Начелно, имаме ривал по мерка за пласман во второ коло“, вели Стојанов.

d2

„Вардарци“ претрпеа пораз на првиот контролен натпревар на силниот турнир во Ниш, но тренерот на „црвено-црните“ потенцира дека акцент во моментов не се става на резултатите, туку на поставуваање на играта за наредната сезона.

„По шест месеци пауза и само со четири одработени тренинзи во сала, згора на тоа ослабени со неиграњето на првиот техничар, логично беше да се претрпи пораз на тој прв натпревар. Севкупно гледано сум задоволен што се бележеше напредок во играта од сет во сет. Денеска пред нас е уште еден меч, се надевам на многу подобра игра. Составот е нов и допрва ќе се увежбуваат посакуваните замисли од моја страна. Најважно сепак е да не служи здравје и без поголеми проблеми со повреди да влеземе во новата сезона“, истакнува стратегот на Вардар.