Екипата на Веспрем е третиот патник на завршниот турнир во СЕХА-лигата.
Во текот на утрешниот ден требаше да се одигра реваншот од 1/4 финалето во Унгарија, меѓу екипите на Веспрем и Војводина. Сепак екипата од Нови Сад го откажа патувањето поради рестрикциите со корона вирусот и нема да се појави на мечот во Веспрем Арената.
Веспрем имаше предност од пет голови по првиот дуел, па беше јасно дека унгарците ќе немаат проблем околу учеството на Ф4 турнирот, кој годинава ќе се одигра во Задар, во периодот од 4-6 септември.
На 29.август ќе го дознаеме и последниот патник во Задар, откако ќе се одигра и реваншот во Скопје, меѓу Вардар и Нексе. Црвено-црните се големи фаворити, со оглед дека имаат предност од еден гол, од првиот дуел во Нашице. Претходно пласман на Ф4 обезбедија ППД Загреб и Брест Мешков.
Вардар е најтрофеен тим во СЕХА-лигата, со вкупно пет трофеи, два има Веспрем, додека еден екипата на ППД Загреб.