Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Доминантно финале за вардарци, кадетите се освојувачи на Купот
Доминантно финале за вардарци, кадетите се освојувачи на Купот

Доминантно финале за вардарци, кадетите се освојувачи на Купот

НАДИГРАНА Шкендија, КАДЕТИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ОСВОЈУВАЧИ НА КУПОТ.

Во големото финале на Купот, кое денес се одигра на градскиот стадион во Кичево, кадетите на Вардар со резултат 4:1 беа подобри од екипата на Шкендија. И повеќе од заслужена победа за нашите кадети кои во сите сегменти на фудбалската игра го надиграа ривалот од Тетово.

Нашите кадети имаа целосна доминација и контрола на играта во првиот дел од натпреварот. Уште во 4.минута од натпреварот можевме да го отвориме резултатот, после голманска грешка на противникот, Радевски додаде до Спасиќ кој не успеа од добра позиција да донесе наша предност. Се редеа акции и шанси пред голот на противникот, за одбележување се 14 и 18.минута и обидите на Бундалески и Спасиќ, првиот шутираше крај голот, додека во вториот обид одбрани со крајни напори голманот на Шкендија, по удар на Спасиќ од преку 30.метри.

Во 21.минута успеваме да го отвориме резултатот, со гол на Горјан Цветков кој погоди со удар од белата точка. Во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Бундалески, по што главниот судија покажа на белата точка, сигурен реализатор е Цветков за предност од 1:0.

Во 25.минута екипата од Тетово прв пат се закани кон нашиот гол, после центар шут од слободен удар, еден од играчите на противникот бие со глава крај нашиот гол. Пред да биде израмнет резултатот, Шкендија имаше добра прилика за израмнување, но ние имавме среќа, откако топката ја погоди пречката. Во 30.минута закана кон голот на противникот имаше и Филип Јовановски, додека во 32.минута Шкендија израмнува на 1:1.

После израмнувањето, ние продолживме со напади, се обиде Кулуковски со удар во 40.минута но одбрани голманот, за во 43.минута Ѓорѓи Дошев со евро гол со удар од некаде 25 метри да ја погоди мрежата на Шкендија и да ни донесе предност од 2:1 на полувреме.

Во 55 минута после една наша добра акција, Бундалески асистираше до Цветков кој имаше добра шанса да го зголеми резултатот, но неговиот удар заврши крај голот. Гледавме идентична слика и во вториот дел, Вардар беше тимот кој напаѓаше, додека Шкендија се бранеше иако имаше негатива. Во 59.минута обид имаше Спасиќ, додека во 72.минута во добра шанса се најде Бундалески кој со глава биеше крај голот. После неколку прилики, беше прашање на време кога ќе го зголемиме водството. Тоа се случи во 76.минута кога после центар шут од десната страна на Фидановски, кој влезе во игра, Филип Јовановски беше играчот кој успеа да ни донесе предност од 3:1. Без разлика на двата гола позитива, имавме иницијатива до крајот на финалето. Шанси за поголема предност имаа Јовановски и Спасиќ, но нивните удари завршуваа крај голот, едноставно Шкендија денес имаше многу среќа што избегна и поголем пораз. Тренерот, Трајче Стојковски, направи и неколку измени, давајќи шанса на сите играчи кои денес започнаа од клупата за резерви. Во 88.минута, противникот имаше голема шанса да ја намали негативата, но ударот оди крај нашиот гол, за во 90.минута „печат“ на големата победа да стави Зоран Фидановски за конечни 4:1 во ова финале на Купот.

Вардар; Филевски Никола , Кулуковски Влатко, Ајетовиќ Нуман, Здравковски Симеон, Стојилевски Марко, Спасиќ Тино, Јовановски Филип, Цветков Горјан, Дошев Ѓорѓи, Радевски Филип и Бундалески Максим.

Играа уште и Леонид Илиевски, Зоран Фидановски, Лука Јакимовски, Никола Уневски, Михаил Кузмановски, Матеј Митревски и Виктор Стефановиќ.