Претстојниов викенд на програмата е претпоследното 13.коло во Плеј-Офот на ракометната Супер Лига.
Во сабота, црвено-црните патуваат за Кавадарци, каде ги очекува натпревар против екипата на ГРК Тиквеш 2014. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Јасмин“ со почеток од 20:00 часот. Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Цано Куртовиќ.
Вардар го освои 16.трофеј во Купот, а се уште е во борба за освојување на титулата во првенството. За тоа да се случи, ќе треба да ги добиеме останатите два натпревари и да очекуваме кикс на Еурофарм Пелистер кој во ова коло гостува во Охрид.