Генерацијата 2007 на ФК Вардар имаше одличен старт на турнирот „Гази Баба Куп“. Во рамките на првото коло денес на терените на ФФМ, нашите млади надежи ја победија екипата на Албион, со конечен резултат од 4:0.
Целосна доминација на овој дуел за избраниците на Горан Петрески, кои на крајот заслужено се радуваа на победата. Го отворивме резултатот со голот на Борјан Томовски, за предност од 1:0, резултат кој беше актуелен и на полувреме. Во овој деч од мечот имавме шанси и преку Стефан Младеновски, но голманот на Албион не дозволи поголема негатива за својата екипа.
Првиот директен удар во второто полувреме го имаше екипата на Албион, но еден од нивните играчи биеше над голот. Црвено-црните имаа голем посед на топка и во вториот дел. При една нафрлена топка од корнер на Грашески, во противничкиот шеснаесетник на истата налета, Фидановски, кој со глава бие над голот. Речиси идентична акција, повторно од корнер нафрла нашиот млад капитен, кој го пронаоѓа Лука Атанасовски, овој ја погодува мрежата на противникот, за зголемување на 2:0. Албион речиси и да беше безопасен, имаа еден удар, но одбрани на нашиот гол, Даниел Исајловски.
Обид имаше Младеновски, но денес не успева да се запише во листата на стрелци. Поради играње со рака, беше досуден пенал за екипата на Вардар, истиот успешно го реализира, Александар Грашески за предност од 3:0. До крајот на мечот постигнавме уште еден, втор денес за Борјан Томовски, кој ги постави конечните 4:0 на овој натпревар.
Поради откажување на екипата на Борец, денес немаме нов натпревар. Со овој триумф речиси и го обезбедивме пласманот во четврт-финалето на турнирот „Гази Баба Куп“.