Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одлично отварање на турнирот „Гази Баба Куп“ за сите генерации на ФК Вардар
Одлично отварање на турнирот „Гази Баба Куп“ за сите генерации на ФК Вардар

Одлично отварање на турнирот „Гази Баба Куп“ за сите генерации на ФК Вардар

Денес на неколку различни терени во Скопје стартуваше 5.издание на младинскиот меѓународен турнир „Гази Баба Куп 2019“. Фудбалскиот клуб Вардар на истиот се натпреварува со четири генерации.

1

Дербито во групата се одигра кај генерацијата 2010, каде Вардар успеа по голема борба да ја победи екипата на Форца, со резултат 2:1. На тој начин младите надежи предводени од Влатко Колев стартуваа со победа на турнирот. Вардар ја имаше првата голема прилика преку Марко Јовановски, кој немаше среќа и ја погоди само пречката од голот на Форца. Се закани и противничкиот тим, но одбрани нашиот голман. Гледавме навистина добар натпревар, на кој Форца ни даде силен отпор. Црвено-црните први успеваат да го отворат резултатот и да поведат со голот на Стефан Ристиќ. После отварање на резултатот се обиде и Седлоски, но одбрани голманот на Форца со крајни напори. До крајот на првото полувреме, тимот на Форца ја затресе нашата мрежа, па на полувреме се замина со резултат 1:1.

3 4

Гледавме борбено второ полувреме. Вардар повторно има сериозна прилика, кога во една иста акција на два пати ја погодивме пречката од голот на Форца, најпрво Ристиќ, а потоа Седлоски, сепак резултатот остана непроменет. И екипата на Форца имаше добар период, се обидуваше да направи пресврт, но тоа не се случи. Кај Вардар во шанса се најде Гечев, кој бие слабо, без проблеми за голманот на Форца, кој го скроти ударот. Се играа последните две минути од мечот, кога избраниците на Колев, во една мешаница умешно се снајдоа, Ристиќ беше на вистинското место, кој ја смести топката во мрежата. После кратко време, судијата отсвири крај на мечот, победа за Вардар од 2:1.

5 6

Вечерва во терминот од 18:00 часот, играме уште еден дуел против екипата на Скупи. Со евентуална победа ќе обезбедиме пласман во 1/4 финалето.

Со победа на турнирот отвори и генерацијата 2006 која на теренот во населбата Лисиче, рутински ја победи екипата на Еуроспорт од Куманово. Одигравме онолку колку што е доволно за триумф, со оглед дека од 15:00 часот играме уште еден дуел. Избраниците на Филип Спасески стигнаа до триумф со резултат 3:0. Два гола на овој дуел беа дело на Антони Динов, додека еден постигна Алтин Алији.

Во 15:00 часот на стадионот Борис Трајковски, во населбата Маџари, го играме второто коло на турнирот, против екипата на Драчево Јуниор, која во првото коло ја победи Форца.

Одличен старт и за генерацијата 2009 под водство на Игор Кралевски, која до го доби својот прв меч против Албион. На теренот на Фортуна во Сингелиќ, црвено-црните стигнаа до победа, со резултат 2:0. По еден гол во двете полувремиња, за конечен триумф  од 2:0на овој меч. Го отвориме резултатот со голот на Матеј Николов, за конечните 2:0 на овој дуел да бидат дело на Андреј Кралевски.

Во текот на денешниот ден ќе одиграме уште еден дуел, и тоа дерби против тимот на Работнички, меч кој стартува од 15:30 часот.

Претходно на на нашиот медиум објавивме дека до победа стигна и генерацијата 2007. Целиот извештај на линкот, Тука.