Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар и Шкендија ќе се сретнат во 1/8-финалето од Купот
Вардар и Шкендија ќе се сретнат во 1/8-финалето од Купот

Вардар и Шкендија ќе се сретнат во 1/8-финалето од Купот

Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)  се одржа ждрепката преку која се добија осминафиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија. Денес се извлекоа паровите во втората рунда.

Уште во оваа рана фаза од најмасовното клупско фудбалско напревањување ќе се сретнеме со тимот на Шкендија. Момците на Васоски Александар ќе имаат голем предизвик.  Во оваа фаза од натпреварувањето, се играат два натпревари. Начелно првите натпревари се закажани на 25 септември, додека реваншите ќе се играат на 30 октомври.