Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите 2006, 2007, 2009 и 2010 на ФК Вардар обезбедија пласман во 1/4 финалето на турнирот „Гази Баба Куп“
Генерациите 2006, 2007, 2009 и 2010 на ФК Вардар обезбедија пласман во 1/4 финалето на турнирот „Гази Баба Куп“

Генерациите 2006, 2007, 2009 и 2010 на ФК Вардар обезбедија пласман во 1/4 финалето на турнирот „Гази Баба Куп“

Две генерации на ФК Вардар го одиграа второто коло на турнирот „Гази Баба Куп“, во истото забележаа победи и обезбедија пласман во 1/4 финалето на турнирот.

До втора победа дојде и ФК Вардар генерацијата 2006, тие утрово го совладаа тимот на Еуроспорт од Куманово, а попладнево екипата на ФК Драчево Јуниор.

Дуелот го започнавме со следниот состав: Краљевски, Ордевски, Танчев, Илески, Настески, Крстевски, Нурединовски, Хасиќ, Атанасов, Трифуновски и Цониќ.

1

Избраниците на Филип Спасески во првиот дел имаа целосна иницијатива напаѓаа постојано, сепак на одмор се замина со почетните 0-0. Имавме две прилики и тоа преку Олег Трифуновски и Максим Цониќ, сепак мрежите останаа мирни во првиот период.

2 3

Во вториот веднаш тргнавме офанзивно, прва прилика имавме преку Олег Трифуновски, неговиот удар противничкиот голман успеа да го избоксува во корна. Марко Николовски го отвори мечот со погодок, тој погоди за 1-0 од над 30.метра ефектно под гредата. Противникот имаше две шанси, на нашиот гол се истакна Краљевски кој врза две одлични одбрани. Казната на спротивната страна ја „испорача“ Алтин Алији. Тој мина 4-5 дефанзивци и погоди крај немоќниот голман на ривалот. Шанса уште имаше Танчев Михаил.

Одличен ден имаше и генерацијата 2009 под водство на Игор Кралевски, која до го доби својот втор меч. На теренот на Фортуна во Сингелиќ, црвено-црните стигнаа до победа, со резултат 1-0.

Во дерби против тимот на Работнички, меч кој стартуваше од 15:30 часот одигравме одлично. Првиот дел заврши со почетните 0-0. Отпорот на ривалот го скршивме во вториот период, кога погодивме за 1-0. За оваа минимална победа со еден гол стрелаше Папаливски Васко.

Во 1/4 финалето се пласира и генерацијата 2010, која не одигра втор натпревар на турнирот, поради грешка на организаторот во нашата група има само три екипи. Утрово го совладавме тимот на Форца (2:1), додека Форца ремизираше со Тиквеш (2:2). Во текот на утрешниот ден каков и да биде исходот од овој дуел, избраниците на Колев ќе играат во 1/4 финалето на турнирот “Гази Баба Куп“.

Генерацијата 2007 утре ќе го одигра вториот меч на турнирот, блиску до 1/4 финале се и момците на Горан Петрески, кои со триумф треба да го визираат пласманот во осумте најдобри екипи во оваа генерација.