Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Калараш: За моето враќање во тимот потребно е да се извршат некои плаќања кон Мотор Запорожје затоа што ова е трансфер
Калараш: За моето враќање во тимот потребно е да се извршат некои плаќања кон Мотор Запорожје затоа што ова е трансфер

Калараш: За моето враќање во тимот потребно е да се извршат некои плаќања кон Мотор Запорожје затоа што ова е трансфер

Глеб Калараш останува дел од РК Вардар и во наредните две сезони. Русинот докажа дека има вардарово срце, а во интервју потврди дека овој трансфер не е „џабе” и дека ќе треба да се извршат некој плаќања кон тимот на Мотор Запорожје.

„Вардар е таков клуб чија единственост не може да се опише со зборови. Секоја година во екипата има нови играчи, а луѓето од околу велат дека не може да биде исто. Но, Вардар останува ист клуб, со таква атмосфера внатре во клубот од која што не сакам да излезам. За моето враќање во тимот потребно е да се извршат некои плаќања кон Мотор Запорожје затоа што ова е трансфер“, изјави Калараш.

- Целото интервју на Калараш кое е на руски јазик, можете да го прочитате ТУКА.