Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2006 на ФК Вардар убедливо го порази тимот на Њу Старс, на контролен натпревар
Генерацијата 2006 на ФК Вардар убедливо го порази тимот на Њу Старс, на контролен натпревар

Генерацијата 2006 на ФК Вардар убедливо го порази тимот на Њу Старс, на контролен натпревар

Денес на теренот во Ѓорче, пријателски натпревар одигра генерацијата 2006 на ФК Вардар против екипата на Њу Старс.

Очекувано, подобри беа избраниците на Милан Коцески, кои славеа висока победа со резултат 9:0.

Михал Танчев беше играчот кој успеа да постигне хет-трик, додека по два гола беа дело на Марко Николовски и Алтин Алији. Во листата на стрелци се запишаа уште и Давор Лефковски, Лука Митревски и Дарко Сековски.

Се играа две полувремиња, по 40 минути.