Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Можност за поправен, Вардар на нов контролен меч, денес против екипата на Металург
Можност за поправен, Вардар на нов контролен меч, денес против екипата на Металург

Можност за поправен, Вардар на нов контролен меч, денес против екипата на Металург

Попладнево во С.Ц. Јане Сандански, екипата на РК Вардар ќе одигра уште еден контролен натпревар. Противник ќе ни биде екипата на Металург.

Со тимот од Автокоманда, немавме можност да се сретнеме на турнирот во Струга, па денес шанса да се надигруваме со овој противник, кој освои трето место на струшкиот турнир.

Вардар влезе во негативна серија од два порази, на последните два дуели и тоа од ист противник, екипата на Еурофарм Пелистер. Металург се подготвува за настапи во Лигата на Европа, додека Вардар на 29.август го очекува меч од СЕХА-лигата против екипата на Нексе.

Денешниот дуел кој стартува од 17:30 часот е затворен за гледачите и истиот ќе се одигра без публика.