ЖРК Вардар пред два дена донесе уште еден бек, четврти, станува збор за девојка која игра на левата позиција во бековската линија, Лазаровска Михаела. Новото засилување е високо 190см и е родена 2002 година, има настапувано во ЖРК Гевгелија, а минатата сезона ја мина во сениорската екипа на скопскиот тим, РК Спартак Кисела Вода. Вардар фанс веднаш по нејзиното пристигнување разговараше со неа.
Новиот лев бек, и претходно како млад ракометар имала желба да биде дел од црвено-црните, со понудата оваа лето истата и се исполнила, да биде дел од омилениот тим.
Претходно имав жалба да бидам дел од најдобриот женски ракометен тим Вардар, сега ми се укажа прилика и ја „зграбив“. Среќна сум што станав дел од црвено-црниот тим, тоа од секогаш го посакував. Очекувам дека за краток временски период ќе се адаптирам на системот на работа и ќе го дадам својот максиумим за екипата во новата средина. Пред мене е многу работа, ќе се потрудам посветено да тренирам и ќе ја чекам својата прилика од тренерот, Ристова Драгана.
Лазаровска во својата кариера соработувала со Јасмина Попова кога двете беа дел од тимот на Гевгелија. Тоа го потенцира како позитивна страна и воедно ги соопштува своите очекувања за сезоната која следи.
Добра работа за мене е што Јасмина Попова, мојот бивши соиграч од ЖРК Гевгелија е дел од вардаровата екипа. Среќна сум што ќе бидеме дел од исти тим, тоа поприлично ќе ми помогне при адаптацијата бидејќи се познаваме во играта од претходно. Оваа сезона се надевам и очекувам дека ќе биде успешна во двете конкуренции, посакувам тимот да успее да постигне одлични резултати во сите конкуренции каде што ќе настапуваме-завршува Лазаровска.
Михајло Тушевски