По двата порази едно по друго, Вардар им се врати на победите откако поладнево го совлада тимот на Металург со (25-20), кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Вардарци во првиот дел се мачеа и не го скршија отпорот на противникот, па така на пауза се замина со егал, 8:8. Во вториот дел Вардар одигра далеку подобро и на крајот сосема заслужено победи со пет голови разлика за прекинување на црната серија. Анте Гаџа беше расположен за голови денеска, а добар натпревар одигра и Чупиќ.
Прво име кај стрелците кај Вардар беше Анте Гаџа со пет гола, Чупиќ постигна четири, додека Стоилов, Дибиров и Вујин завршија со по три гола, а кај Металург, Тарабокија беше најдобар стрелец со седум гола.
Од голманите кај вардарци, Кантегрел имаше пет интервенции, а Кизиќ застана на шест.