Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ОК Ниш подобар од Вардар
ОК Ниш подобар од Вардар

ОК Ниш подобар од Вардар

Одбојкарите на Вардар со пораз го стартуваа настапот на турнирот во Ниш, откако нашата екипа  загуби од домаќинот Ниш со 0-3 во сетови. Мора да се истакне дека „вардарци“ на овој меч настапија без првиот техничар Давид Стојанов, како и без странските засилувања кои наскоро ќе пристигнат во Македонија и ќе му се стават на располагање на стручниот штаб.

Српскиот тим доминираше од самиот почеток и рутински го доби првиот сет со 25-13, по што „црвено-црните“ пружија далеку подобар отпор во остатокот од мечот. Вториот сет заврши со резултат 25-17, додека во третиот сет нашите одбојкари стигнаа до 20 освоени поени, сепак премалку за да се избегне максимален пораз.

Без оглед на конечниот исход, самото учество на овој турнир, крај квалитетни ривали од српскиот шампионат, ќе биде значајно искуство за нашите млади одбојкари.