Капитенот на Европскиот Шампион, Стојанче Стоилов, стана татко. Столе и неговата свршеница, Деница, добија принова, на свет пристигна нивниот син, кој го доби името Бојан. Стоилов го покажа својот син на јавноста, а „Аџибадем Систина“ е болницата од каде Столе го зема својот син.
Со болницата имам одлично искуство, долги години моето здравје го доверив на професионалците кои работат тука, и затоа токму ‘Аџибадем Систина’ е местото кое го одбравме со Деница за најубавиот момент, доаѓањето на свет на нашето дете. Им благодарам на целиот тим доктори, пред сè на д-р Петровска, која се грижеше за Деница додека беше бремена, а сега нè направи и среќни родители, истакна Стоилов.