Генерацијата 2008 на ФК Вардар предводена од Влатко Колев со победа го стартуваше меѓународниот турнир „Пирин Куп“ кој се игра во Сандански (Бугарија).
Денес, вардаровите надежи во рамките на 1.коло беа подобри од екипата на Септември Софија 2 со резултат 4:0.
На полувреме имавме водство од 2:0 со головите на Ендрид Кадрији и Дамјан Буцевски. Во вториот дел во листата на стрелци се запишаа Христијан Јевтоски и Петар Блажевски.
Утре на програмата се два натпревари, против екипите на Кул и Дачија.