Медија тимот на СЕХА го прогласи најдобриот тим за месец февруари во ова натпреварување. Место во најдобрите седум имаше за голманот Мартин Томовски, кој и на последните два натпревари за Вардар беше прогласуван за играч на натпреварот.
Томовски имаше двоцифрен број на одбрани, во победите против Партизан и Татран Прешов и заслужено се најде во најдоброт тим. Видеото со најдобриот тим можете да го погледнете на линкот, ТУКА.