Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стојан Петрушевски ќе работи со пионерите на РК Вардар
Стојан Петрушевски ќе работи со пионерите на РК Вардар

Стојан Петрушевски ќе работи со пионерите на РК Вардар

Пионерите на РК Вардар во пролетниот дел од сезоната ќе бидат предводени од Стојан Петрушевски, кој моментално е дел и од стручниот штаб на сениорската екипа.

Петрушевски е долги години во Вардар, па после заминувањето на Пепи Манасков во Алкалоид, Петрушевски ќе биде тренерот кој ќе работи со пионерите на клубот.

Екипата брои некаде 15 членови, а се тренира два пати неделно во Јане Сандански и еднаш во спортската сала на училиштето „Кочо Рацин“.

Во есенскиот дел од сезоната, пионерите на Вардар се натпревараат во групата Б и на четири одиграни натпревари остварија една победа и три порази.