Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите се вратија на победите во лигата, момците на Ивановски убедливи во дуелот со Еуроспорт Куманово
Кадетите се вратија на победите во лигата, момците на Ивановски убедливи во дуелот со Еуроспорт Куманово

Кадетите се вратија на победите во лигата, момците на Ивановски убедливи во дуелот со Еуроспорт Куманово

Денес во Куманово, кадетите и младинците на ФК Вардар гостуваа кај екипата на Еуроспорт, во рамките на 12.колo.

До победа стигнаа кадетите кои славеа убедливо со резултат 0:4. После поразот од Прилеп, вардаровите кадети на импресивен начин се вратија на победите во лигата и на тој начин го задржаа чекорот во борбата за шампионската титула со екипите на Академија Пандев и Победа. Денес момците на Филип Ивановски одиграа одличен натпревар и заслужено победија.

1

По првото полувреме, нашиот состав имаше висока предност од 0:3, период во кој ја обезбедивме победата на овој натпревар. Пред да го отвориме резултатот, прва шанса имаше Мирков кој од десеттина метри биеше крај голот на домаќинот. Се играше 15.минута од натпреварот кога Марио Ричков упати центар шут од левата страна, во противничкиот шеснаесетник највисок беше Димитар Стоимов кој бие прецизно со глава за водство на Вардар од 0:1. После отварање на резултатот имавме уште две шанси, прв обид имаше и Перковски кој во шеснаесетникот биеше, но одбрани голманот на Еуроспорт, додека Стоимов се најде во нова прилика, овој пат од некаде 18.метри биеше крај десната статива.

2 3

Се играше 35.минута од дуелот кога денес одличниот Стефан Стојановски одлично го проигра Димитар Стоимов, кој повторно во улога на реализатор од неколку метри го совлада противничкиот голман за предност од 0:2. После една голема грешка на последниот играч во одбраната на противникот, Мирков одзема топка, нашииот играч беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, па главниот судија оправдано покажа на белата точка. Истиов играч, во 40 минута го реализира пеналот за водство од 0:3, резултат со кој се замина на полувреме.

4 5

Солидната предност ни даде можност да играме слободно во вториот дел од натпреварот. Првиот директен удар во овој дел го имаше противникот, но на нашиот гол одбрани Лука Стојковски. Вардар се закани преку Стојановски, Ибраим и Ричков, но немаше промена на резултатот. Нова одлична асистенција во 75.минута подели Стефан Стојановски кој од центар го пронајде Славче Живков, кој несебично додаде до Левент Ибраим, на кој не му беше тешко од неколку метри да го погоди голот, за предност од 0:4. До крајот немаше некоја шанса за одбележување, кадетите стигнаа до висока победа.

6 7

Вардар: Стојковски, Јовановски, Ричков, Ѓоргоски, Трпезановски, Живков, Мирков, Стојановски, Стоимов, Давидоски (К), Перковски.

Во игра во вториот дел влегоа уште и Андрески, Љушев и Ибраим.

Ова беше деветта победа сезонава за вардаровите кадети. На табелата, Вардар и А.Пандев имаат по 28 бодови, додека Победа има 27.