Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар по „конец“ во Битола, Грујовска со 16.одбрани двигател на победата со пресврт
Вардар по „конец“ во Битола, Грујовска со 16.одбрани двигател на победата со пресврт

Вардар по „конец“ во Битола, Грујовска со 16.одбрани двигател на победата со пресврт

Денес во рамки на 4.коло оваа пролет, Вардар ја оправда улогата на фаворит на гостувањето кај ЖРК Пелистер. Црвено-црните дами денес во Битола дојдоа до победа  со многу мака, со многу пресврти и се зацврстија на 3-та позиција на табелата. Ние триумфиравме со резултат 26-27, на меч на кој Грујовска фати дури 16 удара кон нејзиниот гол.

Првиот дел не започа по планот, домаќините поведоа со 2-0  потоа и со 5-2. Дојдовме и до четири негатива (10-6) па со серија 1-4 успеавме да дојдеме на само гол заостанување (11-10). Вардарки денес одиграа тежок меч за нив, постојано се трудеа ама мотивиранот ривал успеваше да да ја одржи предноста и на одмор замина со два гола позитива. На полувреме беше  15-13 за зелено-белите.

120503228_10218168189298397_2866739115048153930_o

Вториот период   го започнавме поангажирано и успеавме да направиме пресврт, поведувајќи со 17-18, а потоа и со 18-20. Но тоа не беше крај на нашите маки, денес немавме ритам, иако дававме максимум на оваа средба. Домаќинот пред крајот изедначи на 23-23 и во последните пет минути влезе со егал резултат. Успеавме да се издигнеме, и да поведеме кога беше најважно со 25-27 осигурувајќи ја победата. Овие три тешки бодови од Битола беа обезбедени со резултат 26-27  на крајот.

Во нашиот состав Симона Грујовска беше централенна фигура, со неверојатни 16.одбрани и со процент кој е непоимлив од над 52% денес буквално не спаси како што не извести тренерот на „чуварите на мрежата„ за нејзинот  денешен перформанс. Најмалата Стефаноска  Сара секогаш кога е тешко нсе издигнува  денес погоди 5.пати колку и константната Трпевска Ивона, 5-ка зад своето име имаше и Илиќ. Диневска Бојана и Стојановска Михаела  погодија по 4.пати, а Џатевска Ивана даде 3.гола.