Фудбалерите на Вардар се враќаат од Битола без бодови. Вардарци оваа пролет остануваат единствената екипа без ниту една победа.
Првиот дел мина без многу шанси на двете страни. Пелистерци по првата своја шанса дојдоа до гол преку искусниот Маневски, кој непречен од никого стрелаше со глава за 1:0. Вардар во првиот дел освен преку корни, не се закани кон голот на домаќинот, а немаше ниту еден шут во рамката од голот на домаќинот. Топката ја држеше Вардар во свој посед, но немаше ама баш никаква идеа како да стигне до шанса за погодок.
Во вториот дел ништо не се промени во играта на Вардар. Без идеа, без течност во нападите. За одбележување беше само една шанса на Велкоски кој биеше во рамката на голот, се друго беше не фудбалско. Во 87.минута Маневски преку пенал го донесе својот тим до 2:0 и победа на овој дуел.