Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Пораз за младинците на гостувањето во Куманово
Пораз за младинците на гостувањето во Куманово

Пораз за младинците на гостувањето во Куманово

Младинците на ФК Вардар го загубија натпреварот од 12.коло на гостувањето кај екипата на Еуроспорт Куманово.

169045041_2766991740278532_2179487395881558044_n

Со мешан состав, момците на Ивановски не успеаа да дојдат до позитивен резултат на денешниот дуел. По еден гол во двете полувремиња постигна домаќинот, за конечен триумф од 2:0, а на дуелот беа промашени дури три пенали, два за домашниот тим и еден за Вардар. Најголемата прилика во првиот дел за Вардар ја имаше Сулејман Исмаиљи, кој не успева со глава од неколку метри да го совлада домашниот голман, откако Асани нафрли од прекин во противничкиот шеснаесетник. Голема шанса имаше и Еуроспорт, но одлично одбрани Наум Ангелов, додека во 35.минута актрактивен погодок постигна поранешниот играч на Вардар. се работи за Атом Фазлиу, кој донесе радост за домашниот тим, со неговиот гол за водство од 1:0, резултат со кој заврши и првиот дел од мечот.

1 2

Во вториот дел видовме еден гол и повторно во нашата мрежа, како и три промашени удари од белата точка. Во два наврати екипата на Еуроспорт го промашија цел гол од пенал, додека кај нас во листата на стрелци не успеа да се запише Петре Тасевски кој не го совлада голманот на домашниот тим кој одлично интервенираше. Претходно, Еуроспорт постигна и втор гол, за конечни 2:0 на овој натпревар од 12.коло во младинската супер лига.

3 4

Вардар: Ангелов, Шабани (К), Илиев, Сељанац, Саит, Марковски, Исмаиљи, Исени, Тасевски, Асани, Трајковски.

Играа уште и Каровски, Ивановски и Симев.

Младинците на Вардар после ова коло се наоѓаат на 5.место на табелата со вкупно 19 бодови.