Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Бутел лесен „плен“ ,вардарци стигнаа до четвртиот последователен триумф во Супер лигата
Бутел лесен „плен“ ,вардарци стигнаа до четвртиот последователен триумф во Супер лигата

Бутел лесен „плен“ ,вардарци стигнаа до четвртиот последователен триумф во Супер лигата

Вардар во рамките на 4.коло во плеј-офот на Супер лигата, убедливо го победија тимот на Бутел. На гостувањето кај овој противник, црвено-црните стигнаа до висока победа изразена со резултат 26:34.

Вардар во текот на целото прво полувреме имаше предност, а на краток одмор замина со висока разлика од осум голови. Уште од стартот на натпреварот ја превземавме предноста, кога Гаџа со својот втор гол, а потоа и Шеваљевиќ донесоа водство од 2:4, додека на голот Ристовски стигна до својата втора одбрана. Имавме контрола на играта, а следеше период во кој одржувавме предност од 2-3 голови. Бутел одржуваше каква таква резултатска рамнотежа се до 24 минута кога започна да тоне нивниот „брод“. За момент домашниот тим намали на два гола, (8:10), за црвено-црните до крајот на првото полувреме да направат голема серија од 1:7 и на полувреме да заминат со водство од 9:17. Половина од погодоците во оваа серија беа постигнати од брзи контра-напади, најчесто преку Дибиров, кој најбрзо истрчуваше после одземена топка на Бутел во нивниот напад, кога противникот не можеше ниту да ја префрли топката преку нашиот блок, одбраната делуваше одлична. Иако на пет гола негатива, домашниот тренер повика тајм-аут, тоа не донесе резултат, едноставно вардарци го полнеа голот на Бутел, а последниот гол во овој дел беше дело на Дисингер.

Бутел подобро го отвори второто полувреме, направи серија од 3:0 и го намали резултатот на 12:17, додека ние за прв пат во овој дел погодивме преку Талески, а набргу преку Јагуриновски и Дисингер поведовме и со 12:20, позитива која ја имавме на полувреме. На голот застана и Марко Кизиќ кој запиша одбрани, додека неговите соиграчи немаа проблеми околу одржување на предноста. Алушовски им даде шанса за настап на сите ракометари кои дадоа свој придонес во оваа победа. Со два последователни голови на Јотиќ во 49 минута од натпреварот имавме двоцифрена предност од 17:27. За момент домаќинот се закани, кога намали на пет голови, но немаше многу време за големи возбудувања. Вардар славеше победа со резултат 26:34.

Јотиќ најефикасен кај нас со 5 голови, додека Талески постигна 4.