Sunday ,28 November 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Висока победа за помладите пионери на ФК Вардар против Њу Старс
Висока победа за помладите пионери на ФК Вардар против Њу Старс

Висока победа за помладите пионери на ФК Вардар против Њу Старс

Утрово на спортскиот комплекс во населбата Хиподром контролен натпревар одиграа помладите пионери на ФК Вардар кои за противник ја имаа екипата на Њу Старс. Избраниците на Саше Божиноски беа доминантни и славеа убедлива победа изразена со резултат 6:1.

1 2

Разликата во квалитет беше очигледна, па вардарци заслужено на крајот победија. Имаа голем посед на топка, покрај постигнатите голови имаа уште неколку добри шанси да го загрозат противничкиот гол. Уште на стартот од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот со голот на капитенот Димитар Порчу. Нашиот стопер погоди со глава после нафрлена топка од корнер на Сековски, за отварање на резултатот на 1:0. Создававме континуирано шанси, за втор погодок се погрижи Марко Николовски кој ни донесе предност од 2:0, додека убав гол постигна и Андреј Величковски кој од околу 20-сетина метри го совлада голманот на Њу Старс, за зголемување на водството на 3:0, резултат кој се покажа актуелен на полувреме. Во овој дел од натпреварот противникот имаше два удари кон нашиот гол, но истите не претставуваа опасност за Данстак, односно истите завршија крај голот.

3 4 5

На стартот од второто полувреме имавме добра шанса преку Марко Николовски, но голманот на Њу Старс спаси поголема негатива. Сепак во следната акција за предност од 4:0 погоди Нуман Ајетовиќ кој го постигна најубавиот гол на натпреварот, нашиот играч можеби од 30 метри успева да го совлада голманот на гостите, кој се обиде да интервенира, но ударот беше силен и прецизен па топката заврши во мрежата. Во вториот дел, Божиноски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање. Токму  нововлезениот Дамјан Крстевски успева да зголеми на 5:0, најпрво од прва биеше но одбрани голманот на Њу Старс, но од втор обид успева да реализира.

6 7 8

Во следниот период истиов играч се најде во улога на асистент, од десната страна Крстевски упати прецизен центар шут до Матеј Анастасов кој одлично реагираше, сместувајќи ја топката во мрежата за висока предност од 6:0. Во последните минути од натпреварот видовме почесен гол за противникот, со кој беа поставени конечните 6:1 на овој пријателски натпревар одигран на Хиподром.

Вардар: Данстак, Јанкоски, Порчу, Танчев, Ајетовиќ, Величковски, Миовски, Нуредини, Николовски, Сековски и Коловски. 

9 10 11 12