Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристова: Пофалба за девојките и стручниот штаб, тешкиот дуел со Ѓорче го добивме како колектив
Ристова: Пофалба за девојките и стручниот штаб, тешкиот дуел со Ѓорче го добивме како колектив

Ристова: Пофалба за девојките и стручниот штаб, тешкиот дуел со Ѓорче го добивме како колектив

Црвено-црниот тим во оваа сезона влегува амбициозно, подмладен, засилен на стручен и кадровски план со големи очекувања. Ристова Драгана, тренерот на ЖРК Вардар која оваа генерација ја води од пионери, успеа да направи тим кој е во врвот на мак.сениорскиот ракомет и кој ќе игра во европските натпреварувања каде што ќе ја претставува Македонија. Разговараме денес за Вардар фанс со нашиот тренер, по вчерашниот деби дуел и важната победа кај Ѓорче Петров-ЖРК за кои многумина сметаа дека е фаворит на вчерашниот меч.

Ристова задолжена за стручниот дел, Даневски за физичкиот

Ристова задолжена за стручниот дел, Даневски за физичкиот

Одличен беше Вардар вчера, имаше концетрација и енергија од првата до 60.минута, тактичкиот дел го имаше одлично поставено, но Ристова добрата претстава на физички план на тимот го „лоцира“ кај нејзиниот колега Данески.

Подготовките за сезоната минаа одлично, треба да акцентирам дека оваа сезона сме засилени со стручен тренер, т.е. кондиционен тренер кој беше задолжен за физичката подготовка на екипата. Данески Борис го направи најдоброто што можеше за да ја подготовки екипата, презадоволна сум од неговиот дел од работата со девојките, исто така и самите тие се за пофалба дадоа максимум.

Раководстовото на црвено-црните и Ристова оваа сезона направија еден одличен потег, се засилија со млади ракометарки од сопствен погон. Тие „прекомандуваа“ играчи од кадетскиот тим.

Околу ростерот, како и секогаш Вардар е клуб кој сака да создава играчи, така и оваа сезона одлучивме да вклучиме неколку квалитетни девојки од нашиот подмладок, тие се производ на работата во Вардар. Со нив има работено Платон Анжела и Папуџиева Марија, тие создадоа одлични играчи кои лесно и успешно се вклопија во сениорскиот тим, пред се со оглед дека нивните тренери се дел од стручниот штаб на првиот тим  се забрза адаптацијата на помладите ракометарки.

Ристова: Колешките, Платон и Папуџиева важни акли во создавањето на млади играчи

Ристова: Колешките, Платон и Папуџиева важни акли во создавањето на млади играчи

Од Ристова бараме оцена за вчерашната голема победа против тимот кој највеќе „пазареше“ оваа лето, екипа која се засили со двоцифрен број на добри ракометарки.

Натпреварот со Ѓорче Петров-ЖРК беше тежок и исцрпувачки дуел, самиот резултат го покажува тоа двата тима имаат под 20.гола. Многу ми е мило што успеавме да триумфираме и ќе бидам можеби малку нескромна сега, но ќе им дадам одлична оценка и ќе си ги пофалам сите девојки и својот стручен штаб, сите беа одлични фунцкиониравме како еден склоп од почетокот до крајот. Одработевме тежок и клучен дуел, но нема да застанеме тука имаме големи предизвици и амбиции оваа сезона.

dragana-2
За крај кормиларот на црвено-црниот тим зборува за амбициите на тимот кој го очекуваат голем број на предизвици оваа сезона, за прв пат по нејзино водство ќе играме и во ракометна Европа.

Кога сме кај целите, тие се високи. пред се во домашното првенство и Купот, но сакаме одличен настап и во европското натпреварување каде што ќе играме оваа сезона. Мене лично како тренер тоа ми претставува голем, навистина голем предизвик, да успеееме на три фронта со играчи кој ги создадов јас и тимот како сениори-завршува Ристова.