Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Победа за вардаровите пионери на пријателски натпревар со Њу Старс
Победа за вардаровите пионери на пријателски натпревар со Њу Старс

Победа за вардаровите пионери на пријателски натпревар со Њу Старс

Вардаровите пионери успеаа да излезат како победници на пријателскиот натпревар со екипата на Њу Старс. Нашите млади надежи на натпревар кој се одигра во Хиподром славеа со резултат 5:3.

Тренерот Божиноски стартуваше со следниве 11-сетмина: Филевски, Трајчевски, Серафимов, Митревски, Фидановски, Јакимовски, Спасиќ, Цветков, Дошев, Бундалески и Алији.

1 2 3

Пред да го отвориме резултатот имавме обиди преку Трајчевски, Цветков и Фидановски, но во сите три наврати одбрани противничкиот чувар на мрежата. Вардар во континуитет напаѓаше и го притискаше голот на Њу Старс. После една добра акција во која учествуваа Дошев и Спасиќ, Лука Јакимовски беше играчот кој успеа да ни донесе предност од 1:0. Алији исто така имаше шанса после центар шут од корнер на Дошев, но биеше само крај голот. Со голот на Ѓорѓи Дошев заминавме на полувреме со водство од 2:0, откако му асистираше Алији.

4 5 6 7

Во вториот дел видовме многу голови. Екипата на Њу Старс успеа да постигне гол после една наша голманска интервенција и да намали на 2:1, додека разликата од два гола ја врати Дошев кој со удар ниско по земја го совлада гостинскиот голман за водство од 3:1. Во овој дел од натпреварот тренерот Саше Божиноски ја смени речиси цела стартна постава давајќи минутажа на сите играчи кои беа во ростерот за денешниот дуел.

8 9 10 11 12 13

Екипата на Њу Старс се врати целосно во игра и со два гола успеа да го израмни резултатот на 3:3. Сепак Вардар не се откажа и во последните десет минути од натпреварот постигна два гола. Предноста ја врати Михаил Јаневски кој доби топка во шеснаесетникот од Туша Агрон, за водство од 4:3, додека конечните 5:3 ги постави Туша Агрон и тоа со удар од белата точка, откако претходно со рака во шеснаесетникот играше еден од противничките играчи.