Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи и Охрид, црвено-црните останаа максимални во Супер Лигата
Вардар го победи и Охрид, црвено-црните останаа максимални во Супер Лигата

Вардар го победи и Охрид, црвено-црните останаа максимални во Супер Лигата

Вардар ја оствари и третата последователна победа во домашното првенство. Вечерва во спортската сала „Билјанини Извори“ нашиот Шампион го победи тимот на Охрид (29:31)

Вардар имаше предност во најголем дел од натпреварот, но екипата на Охрид на моменти се закануваше сериозно на нашата предност. Секогаш кога ќе успеавме да влеземе во серија на погодоци, домашниот тим враќаше на ист начин и не дозволуваше победникот да биде решен предвреме. Вардар имаше водство од 4:8, но Охрид успеа да израмни, сепак по истекот на првите 30 минути, избраниците на Вујовиќ имаа солидна предност од 11:15.

Во второто полувреме, Вардар одржуваше водство од 2-3 гола разлика, но тоа не беше доволно за мирен тек на натпреварот и за сигурен финиш. Во 50.минута, Охрид се доближи на само еден гол разлика, па „зоври“ атмосферата во салата. Избраниците на Стојановиќ Раде веруваа дека можат да извадат барем бод од овој натревар. Сепак пресуди и квалитетот, но и поголемото искуство кај нашиот тим. Не дозволивме да го испуштиме водството, па освоивме нови бодови во Супер Лигата. Конечниот резултат гласеше 29:31 за Вардар.

Најефикасен во нашиот состав беше Тимур Дибиров со 8 гола додека Филип Талески имаше 5. Куни Моралес, Анте Гаџа и Дарко Ѓукиќ сите постигнаа по 4 гола.