Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до нова убедлива победа на контролните натпревари. Момците на Саше Божиноски беа домаќини на екипата на Шкупи, противник кој убедливо го совладаа со резултат 8:2
Самиот резултат говори за доминацијата на вардарци кои целосно го надиграа противникот од Чаир. Голеадата на овој пријателски натпревар ја најави Алтин Алији кој донесе водство на Вардар од 1:0, додека Димитар Порчу беше играчот кој донесе водство од 2:о.Шансите пред голот на Шкупи се редеа, а Алтин Алији постигна и втор гол за зголемување на 3:0. Резултат од 4:0 на полувреме со својот прв гол го постави Дарко Сековски.
Алтин Алији постигна и хет-трик за предност од 5:0. Во листата на стрелци се запиша и Марко Николовски кој донесе водство и од 6:0, а ефикасноста на Вардар ја продолжи Нуман Ајетовиќ за предност од 7:0. Следеа два гола на противникот кој намали на 7:2, додека конечните 8:2 ги постави Стефан Коловски.
Вардар: Краљевски, Николов, Порчу, Јанкоски, Ајетовиќ, Миовски, Величковски, Сековски, Николовски, Нуредини и Алији.