Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Забавата продолжува во Среда !

Комити: Забавата продолжува во Среда !

243053767_4372202506167334_7701959699094939704_n
Преземено од официјалната страница на Комити Запад:
Овојпат имаме вистински испит, ни гостува минатогодишниот Финалист од ЛШ. Да му се земе скалпот на Алборг, потребно е да одиграме на барем исто ниво, а веројатно и подобро отколку на мечот со Мешков.
Знаеме дека тимот ќе биде спремен за одбрана на домашниот терен, но веќе се покажа, Вардар игра многу подобро кога сме ние на трибина, а кога е салата полна, од одбрана веднаш се трансформираме во формација за напад.
Ја напаѓаме Европа, веќе во два наврати ја освоивме, и убаво е кога сме на тронот.
На дербито со Пелистер не следеа и другите трибини, а во Среда заедно да создадеме победнички бранови, и препознатлива атмосфера пред која никој не може да одолее, па ни скандинавци !
Дел од картите се веќе поделени кај оние кои присуствуваа на натпреварот со Беса во Саботата, а останатите ќе можете пред трибина еден час пред почеток на натпреварот !
Имаме ростер, и на секој натпревар блескаат различни поединци, го имаме Кевин Њокас кој имаше идеална вечер со Мешков и кој стана дел од нас на трибина против Пелистер. Ги имаме легендите на тимот, капитенот со срце Комитско Столе Стоилов и Тимур Дибиров кој имаше феноменална вечер на дербито, го имаме Моралес, на голот имаме одличен тандем предводен од Томовски, се разбуди и Талески, и останатите се тука да блеснат. Но ќе блеснат ако на трибините грми како во најдобрите денови !
Го имаме Вујо мајсторот кој знае да постави игра, да го чувствува тимот, и да почувствува кога треба да направи потег и кога дополнително да ја загрее публиката.
Го имаме Михајло, човекот кој највеќе на овој свет заслужува да подигне уште една титула во Келн.
Не имаат и нас, кои ќе дадеме се од себе да бидеме осмиот играч кој во Среда на Вардар му е потребен !
Тоа е тоа, нека се тресе Јане Сандански во Среда !
А сите што ќе дојдете, ќе ве повикаме да дојдете и викендов во Кадино, за фанатично да го поддржиме Фудбалскиот Клуб Вардар, да излезе од ситуацијата во која се наоѓа како победник.