Денес во просториите на ФФМ беше извлечена ждрепка за осминафиналето од Купот на Македонија.
Како најзвучен дуел е оној на Академија Пандев и Македонија Ѓ.П, додека Вардар за противник го доби тимот на Скопје кој е дел од ПМФЛ.
Еден натпревар одлучува за место на екипите во 1/4 финалето од Купот на Македонија. На истиот, Вардар ќе биде домаќин на 20.октомври.