Вардар го очекува нов натпревар во Лигата на Шампионите. Утре во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Алборг. Ова ќе биде прв посериозен испит за црвено-црните, со оглед дека се работи за силен противник, кој минатата сезона ја заврши како вицешампион, екипа која во големото финале загуби од Барселона.
Алборг започна победнички и во првите две кола сезона, па од тука во Вардар со посебен респект гледаат кон данскиот шампион. Какви се очекувањата на Веселин Вујовиќ за дуелот со Алборг, можете да прочитате во продолжение.
-Сите ние во клубот сме оптимисти и тренер и играчи. За кратко време одигравме многу натпревари, шест за некои 15 дена што е премногу. Имаме голем замор и многу тешко е да се биде на максимум на еден натпревар против тим како што е Алборг. За нив да не трошиме зборови имаат можеби најдобар тим во Европа, втори беа на Ф4. Една исклучително дисциплинирана екипа, која прави малку грешки и мора да одиграме максимално фокусирано ако сакаме добар резултат. Нормално дека Вардар дома може да победи секого, па и Алборг, со помош на публиката сè е можно. Сигурен сум дека тие добро ќе нѐ анализираат и Вардар е за нив прв сериозен тест и сигурно нема да дојдат неподготвени, изјави Вујовиќ.