Утре, РК Вардар 1961 го очекува нов натпревар во Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Алборг, вицепрвакот од минатата сезона во Лигата на шампионите. За овој дуел Дибиров изјави:
Нам ни е важен само следниот натпревар. Мислиме само на Алборг. Ние играме со еден состав во домашното првенство, а со друг во Лигата на шампионите. Правиме ротација, па тешко ни е да фатиме ритам. Немаме време за пауза, распоредот е густ. Се надевам дека ќе победиме-вели Дибиров.
Натпреварот ќе стартува од 18:45 часот со директен пренос на Арена Спорт 3.