Добри вести од таборот на РК Вардар 1961. Левиот бек, Анте Кудуз е подготвен за прв пат оваа сезона да настапи во Лигата на шампионите. Ова сигурно дека е голем ,,плус” за Вујовиќ и Вардар ако се земе во предвид дека Кудуз беше еден од најдобрите играчи на двомечот против ППД Загреб во СЕХА.
Кудуз на утрешниот дуел ќе им биде од голема помош на Њокас и Талески на лев бек, кој играат одлично оваа сезона во дресот на Вардар.
Ова ќе биде прв меѓусебен натпревар меѓу екипите. Алборг е лидер на групата А со две победи од исто толку натпревари. Натпреварот утре ќе стартува од 18:45 часот.