Денес на програмата е натпревар од 3.коло во ракометната Лига на Шампиони. Во С.Ц. Јане Сандански, гостува екипата на Алборг.
ЕХФ за овој натпревар делегираше судии од Србија. Се работи за Душан Стојковиќ и Ненад Николиќ, додека делегат е Томо Водопивец од Словенија.
Натпреварот ќе стартува од 18:45 часот.