Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во Скопје гостува вицешампионот на Европа, Вардар оди на победа

Во Скопје гостува вицешампионот на Европа, Вардар оди на победа

Вечерва не очекува вистински ракометен спектакл во С.Ц. Јане Сандански, каде гостува вицешампионот на Европа, екипата на Алборг.

Екипата на Алборг ќе биде прв сериозен тест за „новиот“ Вардар кој е предводен од Веселин Вујовиќ. Црвено-црните стартуваа со реми на гостувањето кај Елверум, за да победат на домашен терен против Брест Мешков, но вечерва пред себе ќе имаат силен противник кој се наоѓа во одлична форма.

Алборг игра врвен ракомет, што покажува фактот дека во првите две кола сезонава во ЛШ ги „преслуша“ екипите на ППД Загреб и Монпелје нанесувајќи им високи порази. Сепак на вечерашниот натпревар данскиот претставник ќе биде без една од најголемите ѕвезди, се работи за Арон Палмарсон кој дојде сезонава од екипата  на Барселона. Во домашното првенство се наоѓаат  на првото место со 8 освоени бодови, односно имаат скор од четири победи и еден пораз, кој го доживеаа на стартот од сезоната. Изминатиов викенд имаа добра увертира пред натпреварот со Вардар, откако во првенството славеа високо на гостувањето кај Архус. Се работи за скандинавска екипа, која негува брз ракомет, па вечерва не очекува вистински ракомет.

Што се однесува до нашиот тим, Вардар добро стартуваше сезонава со оглед дека имавме многу нови играчи, но и проблеми со повредени во изминатиов период. Во составот се најавува враќање на Кудуз, кој заедно со Талески и Оливие Њокас ќе бидат ударната „игла“ на левата бековска позиција, додека на десната страна ги имаме Кевин Њокас и Куни Моралес. Сите останати играчи се ставаат на располагање, а тренерот Вујовиќ треба да одлучи со кои 16 ракометари ќе излезе на теренот.

Преку изјавите, вардарци најавуваат тежок и  неизвесен натпревар, потенцирајќи дека се работи за сериозен противник кој и сезонава ќе атакува на пласман на Ф4. Вардар игра „турбо’ ритам со натпреварите од домашната лига, нема многу време за одмор и тренинзи, но се надеваме дека и вечерва ќе ја извадиме добитната комбинација за победа. Секако навивачите ќе бидат нашиот осми играч, кој ќе ни дадат дополнителен мотив и „ветер во грб“ за голема победа.

Натпреварот ќе започне од 18:45 часот, кој нема да биде во сала, директен пренос ќе може да проследи на Арена Спорт 3.