Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во Кратово по прекинување на црната серија
Вардар во Кратово по прекинување на црната серија

Вардар во Кратово по прекинување на црната серија

Тимот на Вардар попладнево во Кратово ќе одигра нов натпревар во рамките на ПМФЛ. Црвено – црните ќе се обидат да ја прекинат црната серија од три порази едно по друго, два во домашниот шампионат и еден во Лигата на Европа.

Пред Вардарци на патот денеска стои тимот на Силекс, кратовчани оваа сезона играа добро, по 12. oдиграни рунди Силекс се наоѓа на четвртата позиција на табелата, од друга страна Вардар со денешна победа ќе се искачи на втората позиција на табелата бидејќи тимот на Ак.Пандев вчера загуби во Тетово од Ренова.

Вардар и Силекс оваа сезона одиграа еден натпревар во Скопје, на тој меч Вардар победи со резултат 3:1 со головите на Грнчаров, Барсегјан и Глигоров. Натпреварот започнува со почеток во 13 часот и 30 минути.