Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Машкиот тим на Кисела Вода кај генер. 2002/03 со победа ја отвори третата сезона во “Јуниор“ лигата, со триумф против Урдаревски
Машкиот тим на Кисела Вода кај генер. 2002/03 со победа ја отвори третата сезона во “Јуниор“ лигата, со триумф против Урдаревски

Машкиот тим на Кисела Вода кај генер. 2002/03 со победа ја отвори третата сезона во “Јуниор“ лигата, со триумф против Урдаревски

Денес стартуваа натпреварите од третата сезона на ракометната “Јуниор“ лига со натпреварите кои се на програмата во Скопје и тоа во спортскиот рекреативен центар Кале.

Првиот натпревар кој започна утрово на Кале беше оној во машка конкуренција, кај генерација родени 2002-03 помеѓу екипите на Кисела Вода и Урдаревски Вардар. На истиот минимално триумфираше екипата на Кисела Вода со резултат од 17:16. Опш. Кисела Вода прв го отвори резултатот, но во следните пет минути екипата на Урдаревски направи серија и за прв пат една од екипите имаше предност од два гола разлика (2:4). Сепак Кисела Вода не дозволи уште на стартот резултатско одлепување, па веднаш со два последователни гола го израмни резултатот на 4:4. До крајот на првиот дел се играше гол за гол, а на одмор минимално водство од 8:7 имаше екипата на Кисела Вода (8:7).

Второто полувреме започна со гол на Кисела Вода која поведе со 9:7, за веднаш да имаме израмнување на 9:9. Клучниот период за победата на овој натпревар тимот на Кисела Вода го направи кога направи серија од 5:0 и поведе со високи 14:9, по што се наѕираше победникот на овој меч. Во последните пет минути се влезе со резултат 17:12, за да дојде до олабавување кај Кисела Вода, кој му овозможи на Урдаревски да ги постигне последните четири гола на мечот и да загуби минимално со резултат 17:16. По три гола кај победникот беа дело на Костов, Петковски и Здравески.